Се кријат ли точните бројки за заболени од грип и Ковид?

Се кријат ли точните бројки за заболени од грип и Ковид?

Грипот и ковидот земаат замав,лекарите предупуваат и апелираат на внимателност, а здравствените власти не само што до таа мера ја релативизираат состојбата,туку дискутабилно е дали воопшто ја прикажуваат вистинската за заболените и починати лица кои се лекувале низ болниците и клиничките центри во државава. Пред три дена министерот за здравство Меџити заедно со дел од лекарите правеше обиколка низ клиниките,пуштајќи во употреба нови апарати,кажа дека на инфективната клиника само една пациентка е во критична состојба и дека на болничко лекување се десет други од кои тројца истовремено се позитивни и на ковид. Спомна дека на пулмологија има пацинети со грип,но сокри дека ден претходно од ковид почина 36 годишниот Никола Петровски од Демир Хисар.За ова проговори неговиот роднина Александар Иваноски, станува збор вели за спортист кој немаше никакви пороци,бидејќи постојано бевме во контакт, од него слушнав дека клиниките се полни со пациенти заболени од грип но и од ковид.

 Тоа е една од поголемите причини зошто ја давам оваа изјава, министерот во трка да ја задржи неговата столица презентира сосема лажна слика за здравството во Македонија кога сме сите свесни што точно се случува бидејќи на директен или индиректен начин сите сме имале вакви немили случаи.Министерот се обидува да наметне сосема погрешна слика, а притоа страдаат еве млади човечки животи”-вели Александар Ивановски

Ова може секого да го снајде,болеста не бира, а македонското здравство за жал го допре дното,вели Александар. Засегнат од случаот со мојот роднина, разбрав вели дека по клиниките има ново вработен медицински персонал кој не знае да намести легно или да пронајде соодветна вена за инфузија.

 Ме погодува случај што лично не го познавам кога ќе слушнам залутал по лекарски ходници, дека завршил фатално,а камоли за случај што го знаеш и ти бил близок, роднина пријател.Ме погодува помислата дека тоа може мене да ми се случи како млад човек.Стравот преовладува кај сите, затоа решение се бара надвор од државата,се бараат донации на секое, а здравството тапка во место па дури и станува полошо од ден во ден”-  вели Александар Ивановски

Јас не сум политички определен туку само обичен граѓанин изреволтиран од политичките манипулации на министерот за здравство.До кога ќе му се молиме на Бога за добро здравје, оти се’ што што беше кадарно во македонското здравство,замина надвор-завршува Александар,кој отворено и без задршка зборува и пренесува само дел од она што има да го каже. За ово случај и за состојбата со заболените и починати лица од ковид и грип информација побаравме од министерството за здравство.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста