Хуманост на дело – ги донираше наградите по фаќањето на крстот
Наградата што му следуваше откако го извади светиот крст од Крива река на Водици, ја донираше на семејство Младеновски – Игор, лице со Даунов синдром и неговата самохрана мајка, Рушка. Наум Поцев од Крива Паланка, ја покажа хуманоста на дело. Поцев вели телевизорот, што го доби како награда од општината на верскиот празник Водици, многу повеќе го израдува семејството Младеновски, а него посреќен го направи нивната радост за подарокот.
- „Наградата од општината ја донирав на семејство со самохрана мајка и син со Даунов синдром. Причината за донацијата беше да усреќиме некого што има потреба од такво нешто и се надевам дека за во иднина ќе ги поттикнам и жителите од другите градови да постапат исто, бидејќи хуманоста е пред се“ вели Наум Поцев за Алфа.