Сајкоски: Да не дозволиме апатијата или цинизмот да ја диктираат иднината

Сајкоски: Да не дозволиме апатијата или цинизмот да ја диктираат иднината

На денешната промоција на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за парламентарните избори 2024 свое обраќање имаше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 5 Ѓорѓија Сајкоски кој што истакна дека да се биде носител на листа е голема чест, особено на ИЕ5 која важи за културен трезор на Македонија и регион на револуционерни изблици во минатото.

„Корупција. Некомпетенција. Криминал. Регресија. Ограбени претпријатија. уништени Институции. Кој уште негативен синоним да им го препишеме на оние во заминување. Дали останаа зборови со кои може да се опише потфрлањето? Што е уште поважно прашање, дали вреди да се губи време дополнително зборувајќи за тоа? Македонската, па дури ни светската историја не памети вакво однесување на една влада кон својот кон сопствениот народ. Како што Балтазар Грасијан рекол „Вистината обично се гледа, ретко се слуша”, не сакам да зборувам за тоа што било, затоа што видовте. Ама силно верувам дека ќе ни дадете шанса да ви покажеме и да видите дека може поинаку, подобро и поодговорно. Јас верувам во вас, народот на Македонија“ истакна Сајкоски.

Сајкоски кажа дека дава завет дека ќе ја видиме Македонија достоинствено исправена и горда.

„Да се биде носител на листа е голема чест, особено на ИЕ5 која важи за културен трезор на Македонија и регион на револуционерни изблици во минатото, но тоа не значи помала работа, туку поголема посветеност или одговорност. Напротив, пред сите присутни тука, пред вас почитуван претседателе проф д-р Христијан Мицкоски, и вас почитувани кандидати за пратеници, членови на ВМРО-ДПМНЕ, претставници на коалицијата и на медиумите, како и пред вас кои сте изморени и веќе кревате раце, спремни да заминете и да ги оставите семејството, пријателите и татковината зад себе, како и пред вас кои сте надвор од границите на земјава барајќи живот, давам завет дека ќе војувам-политички, лојално и конвенционално, ако треба и со последните сили кои ги имам, само за да ја видиме Македонија достоинствено исправена, горда, наша Македонија“, истакна Сајкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста