Ризница на симптоми и дијагнози за детски болести

Вчеравечер во Клиничката болница „Ааџибадем Систина“ беше промовирана нова книгата на проф. д-р Зоран Трајковски насловена „Практична педијатриска радиологија – од симптом до дијагноза“. Книгата богата со примери и фотографии прави прецизна елаборација на симптомите за повеќе детски болести и можност за нивна брза дијагноза. Ова, според авторот е еден вид на практична литература за доктори специјализанти по радиологија, педијатрија и детска хирургија, како и за доктори по семејна медицина. „Книгата е практична затоа што може да ја отворите и веднаш да видите тоа што ве интересира, да го видите главниот симптом и како најбрзо да се стигне до дијагноза, а педијатриска е затоа што најмногу теми се од детската патологија“, вели доктор Трајковски.

На промоцијата присуствуваше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Медицинскиот факултет, г-ѓа Соња Топузовска, и менаџментот на болницата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста