Резултатите од пописот треба да донесат нова систематизација во правосудниот систем

Дали резултатите од пописот ќе донесат нова систематизација во правосудниот систем во Македонија? Според европскиот стандард на 100 илјади жители во просек треба да има 20-тина судии со што во македонското правосудство ќе бидат доволни само 394. Актуелната систематизација во судовите вели дека треба да има вработено 600-тина судии, што е дури двесте повеќе од европските практики и бројките од пописот. Во моментов, пак, вработени се дури над 470, а до септември ќе има минус од 130 судии.

34 судови во Македонија минатата година имале за решавање над половина милион предмети, а своја завршница не добиле една петтина или скоро 100 илјади случаи. Оправдувањето на Судскиот совет беше дека сепак малиот број на судии придонело за ваквата состојба.

  • „Последниот извештај за 2021, покажува дека од 34 суда, 15 се ажурни. Факт е дека приливот на предмети кај судиите, во судовите, е зголемен, а од друга страна факт е дека секој суд се соочува со недостаток од судии“, рече Црвенковска, на 29.03.2022.

Во Македонија има вкупно 34 судови, а според евроските стандарди во градовите под 20 илјади жители не треба да има судови, а такви во Македонија се 10 општини.  И обвинителството постојано вели дека кубури со кадар, каде пак со сегашната систематизација до крајот на годинава ќе има во минус од 48 обвинителски столчиња.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста