Ќе се вратат ли учениците во школските клупи од вторник? Од СОНК без одговор кои ќе бидат следните чекори

Ќе се вратат ли учениците во школските клупи од вторник? Ако штрајкот на просветарите продолжи, влегува во третата недела како учениците изостануваат од настава. Членството на СОНК не се задоволни од зголемувањето на платите за 10% што го понуди Владата.

Кога ќе има одлука, и кои се следните чекори од следната недела, од Синдикатот ниту денеска не беа расположени за било каков одговор.

Во меѓу време, на оваа тема реагираше и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски апелираше до Владата на разум и да ги прифати барањата на наставниците за учениците во вторник да се вратат во нивните клупи.

  • Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец кој што напати во минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квази договори. Апелизам за разум до Ковачевски и останатите да намалат со крадењата и трошењата и да ги задоволат барањата на СОНК и на наставниците и на вработените во градинките, а учениците да се вратат во вторник онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите, потенцираше Мицкоски.

Незадоволството од СОНК е уште поголемо откако на последната средба меѓу Владата со Сојузот на синдикатите на Македонија, тие не беа повикани, од од Владата на пред ССМ изразиле подготвеност за раст на платите во јавниот сектор за 2.806 денари.

СОНК последен пат со министерот за образование разговараше минатата недела, каде на средбата било побарано да биде прифатено покачувањето од 10%, со образложение дека за сега толку можело да се обезбеди од државниот буџет.

Претходно, Народниот правобранител Насер Зибери, рече дека го поддржува правото на наставниците за повисоки плати, но сепак вели, предност треба да им се даде на правата за децата за посетување настава.

  • Меѓународните документи, конвенцијата за правата на детето вели дека во случај на судир на 2 права, предност треба да се даде на правата на детето. Што значи, не треба воспитно – образовниот процес да трпи последици, изјави Насер Зибери, народниот правобранител.

Инаку, штрајкот во училиштата и градинките започна на 11 април, а според Синдикатот бил поддржан од над 25.000 вработени. По празниците најверојатно ќе има и нова рунда преговори меѓу СОНК и Влада. Кога таа ќе се случи, барема за сега е не се знае.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста