РЕК Битола повторно во аут – Енергетскиот систем пред колапс

РЕК Битола повторно во аут – Енергетскиот систем пред колапс

Македонија се доведе пред енергетски колапс по хаваријата во РЕК Битола каде од синоќа во аут беа сите три блока за производство на струја.

Станува збор за тешка хаварија во котелскиот дел на блокот три, поради која надвор од мрежа се трите блокови на стратешкиот комбинат. Се огласија од АД Електрани, од каде по којзнае кој пат се правдаат и смируваат. Оттаму го потврдија дефектот за кој велат дека се случил поради пукната цевка, што според нив, било честа појава.

  • „Веднаш се започнати пуштачки операции за враќање на еден од блоковите на мрежа и денес во попладневните часови се очекува истиот да биде приклучен.“ – Соопштија од АД Електрани.

Последниве години РЕК Битола повеќе не работи отколку што работи, а за најголемиот производител на струја во Македонија се врзуваат само афери, меѓу поголемите се тендерите на „Марковски компани“.

Опозицијата предупредува дека фирмата која за три години има добиено 58 тендери од РЕК вредни над 160 милиони евра ја користи истата механизација во повеќе јавни набавки односно е плаќана по неколку пати за исти активности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека по промената на власта ќе биде направена целосна ревизија на работењето и на РЕК и на ЕСМ.

  • „Еве денес претпоставувам знаете дека овие што беа шампиони во енергетиката го оставија на пролет, што до сега не се случило во март, РЕК Битола да не работи со трите блока додека директорот хармоникаш се забавува и пее песни на 8-ми март со вработените за жал неговиот комбинат каде што тој е директор и треба да го управува наместо да го управува тој за жал имаме информации, основано сомневање дека се занимава со броење провизии и го остави комбинатот без 3-те блока да работи што не знам кога последен пат се случило“, нагласи Мицкоски.

Во време кога ЕСМ се обидува да ги реши проблемите со ликвидноста, компанијата реши дпредизборно а се поднови со 82 нови возила за кои треба да плати 2,3 милиони евра, додека Македонија плаќа скапа увозна електрична енергија.

Сериозноста на состојба е уште поголема зашто надвор од функција се и други производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот е речиси на минимум.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста