Поглаварот на ИВЗ, бара пари од државата во спротивно ќе ја повлечел забраната и ќе ги повикал верниците на молитва, објавија дел од медиумите. Сулејман Реџепи вчера беше гостин на една телевизија, според написите, поглаварот на ИВЗ го повикал вицепремиерот Бујар Османи, и преку него побарал државата да им даде пари, ако не ИВЗ ќе ги повикале верниците да одат на молитва..

  • „Јас го побарав нашиот дел, Владата да биде внимателна што прави, имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија. Денеска побарав од генералниот секретарот Мирсад Јакупи да контактира со Бујар Османи, кој е член на кризниот штаб и вицепремиер, дали има нешто? Тој вели дека досега нема ништо. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“, вели Реџепи во верска емисија на ТВ Глоби, која се пренесуваше и на Фејсбук.

Османи пак како што ни реќе во телефонски разговор, не ја сфатил изјавата на Реџепи толку драматично. Вицепремиерто дури во одбрана на поглаварот на ИВЗ, изјавата му ја извадиле од контекст, ама па и секој имал право да бара помош.

  • Македонија е секуларна држава, како мислите државата да финансира верска заедница?
  • На нив, основен извор на финансирање им се верниците..
  • А на другите верски заедници кои им се основни извори на финансирање?
  • Не, не за сите. Не зборам тука за една верска заедница. Прашањето е кога вие барате од некого да почитува една мерка и поради тоа има последици за вработените таму , имаат право да бараат. Така да не мислам дека треба да се драматизира доколку и они бараат минимална плата, бидејќи ако на вработените во рестораните им даваме минимална плата, заради тоа што ги принудивме да затвораат, сепак треба да се обезбеди минимум основен приход на луѓето таму. Мислам дека и е легитимно да се бара такава помош од било каква верска заедница. Но, ви велам кој ќе биде одговорот на Владата зависи од тоа кои се финансиските можности-вели Бујар Османи.

Ова отвара дилеми зошто државата да ги финасира верските заедници, кога тие не плаќаат данок, не издаваат фискални сметки, а со тоа не го полнат буџетот. Тие се што заработуваат останува за нив и не ја поддржуваат државната каса. Од друга страна вчера владата со Указ даде финансиска инфузија за православскиот факултет и за факултетот за исламски науки кои се под директна капа на верските заедници.

Од Обвинителство за Алфа велат дека се следат досегашните изјави и ќе следат натамошен тек на изјавите и однесувањата, па во зависност од констатираните состојби ќе се постапува согласно законот.

Катерина Гетева