Корона кризата ќе остави без работа 195 милиони луѓе во светот

Gerald Bryson, left, join workers at an Amazon fulfillment center in Staten Island, N.Y., protesting conditions in the company's warehouse, Monday March 30, 2020, in New York. Workers say Amazon is not doing enough to to keep workers safe from the spread of COVID-19. "They say we going by CDC standards, but when we call the CDC they are not," said Bryson. "I got grand kids at home, I got kids, I am not doing it." (AP Photo/Bebeto Matthews)
Општиот прекин на работењето на многу компании во светот и низата економски мерки поврзани со ширењето на корона вирусот, се одрази врз приближно 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечје од 2020 година, поради различните ограничувања, ќе бидат изгубени вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на останување без работа на 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот на Меѓународната организација на трудот, МОТ.
„Мерките за целосно или делумно стопирање на бизнисот засегнаа 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81 отсто од глобалната работна сила“, велат експерти. Според нив : „во вториот квартал од 2020 година работното време ќе се намали за приближно 6,7проценти, што значи отсуство од работа на 195 милиони луѓе со полно работно време“.
Во исто време, авторите на Извештајот на МОТ се уште немаат предвидувања за растот на невработеноста во цела 2020 година, нагласувајќи дека „загубите ќе зависат многу од развојот на пандемијата и од мерките за спротиставување на нејзиното влијание“.
Според претходни предвидувања на МОТ, дека бројот на невработени ќе се зголеми за 25 милиони до крајот на оваа година, се неизвесни. МОТ очекува дека ризикот за раст на невработеноста, како резултат на пандемијата, значително ќе се зголеми, а со тоа и бројките ќе растат.
Гај Рајдер, генералниот директор на МОТ, изјави дека : „Работниците и деловните субјекти се соочуваат со катастрофа, и во развиените и во развојните економии. Мораме да се движиме брзо, одлучно и заедно. Правилните, итни мерки, треба да направат разлика меѓу опстанокот и колапсот. Ова е најголем тест за меѓународната соработка во последните 75 години и повеќе. Ако една земја успее, тогаш сите ќе успееме. Мора да најдеме решенија кои помогнат во сите сегменти на нашето глобално општество, особено на оние кои се најранливи или најмалку способни да си помогнат самите себеси“.