РАНО ПОПЛАДНЕВО СЕ ИГРААТ СРЕДБИТЕ ОД 1/8 ФИНАЛЕТО ВО ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Денеска се играат средбите од осминафиналето во фудбалскиот куп на Македонија. Во дуелите од 14.30 се среќаваат: Академија Пандев и Вардар, Брегалница со Беласица, Кожув со Силекс, а Македонија Ѓорче Петров со Саса. Натаму двојките за овој елиминациски круг во најмасовното домашно фудбалско нетпреварување се: Ренова-Пелистер, Шкендија-Гостивар, Шкупи-Кит Го и Струга-Работнички.