Протест во Тетово за сообраќајно решение на булеварот Индустриска, каде има чести сообраќајки и жртви

Нема да дозволиме повеќе да гинат животи на булеварот “Индустриска” во Тетово, каде наместо 40, колку што е дозволено, се вози и над 100 км на час.Згора на тоа, нема ниту сигнализација,ниту пешачки премин, а патот секојдневно го користат стотици деца од околното основно училиште.Тетовци со протест и блокада, побараа надлежните конечно да ги слушнат нивните барања и да го решат проблемот со кој се соочуваат пешаците.Последната жртва на овој опасен пат е шест годишно девојче, кое почина пред неколку дена, откако ја удри автомобил.

Булеварот “Индустриска”, го користат многу товарни возила, кои транзитираа од и кон Гостивар,камиони кои доставуваат стока по магацини.Се вози пребрзо, а полицијата речиси и да не контролира.Тетовци и дадоа две недели рок на општината да го реши проблемот.Во спротивно продолжуваат и со порадикални мерки, ако треба и со секојдневни блокади на булеварот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста