Протест пред Влада: Повторно одекнува „Нема правда нема мир!“

Слоганот „Нема правда нема мир“ повторно се слушна на скопските улици откако Владата го скрати финансирањето на неколку невладини организации. Тие велат дека новите кратења преставуваат 40% од средставата предвидени за превентивните здравствени програми со што се скратува пристпот и правото до основна здравствена заштита, под изговор дека се штеди и се работи домаќински.

„Кратења од превенција за болести, недовболни буџети за лекување за пациенти, граѓани исклучени од пристап до основна здравствена заштита и сетоа ова се претставува како штедење, домаќинско работење и рационализација. Денес сме овде да каѓеме НЕ, гласно не од штедење од здравјето на луѓето!“ – Изјавија организаторите на протестот.

Тие исто така побараа и воведување прогресивен данок или данок на луксуз, како и сериозни фискални политики а не кратење од здравјето, затоа што повеќе пари во превенција е инвестиција во животот на граѓаните и заштеда на народните пари.

„Јавно изјавија дека секој денар вложен во превенција, ѝ штеди на државата 7 денари. Зошто тогаш Владата на Македонија и министерството за здравство кратат 40% од превентивните програми, наменети за превенција на ХИВ во државата“ – Истакна Хајди штерјова симоновиќ од платформата за ХИВ.

Невладините посочуваат и дека Владата крати од најмаргинализираните лица, кои честопати не се ни еведентирани во здравствениот систем. Од буџетот на министерството за здавство, превенцијата учествува со само 9% и секоја година станува се помал.
Според податоците на Светска Банка, изминатите години Македонија постојано ги намалува трошоците за јавно здравје.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста