Ни го решија името, ќе ја решат ли и историјата ?

Го заземаат ли албанските политички чинители во земјава приматот во преговорите со Бугарија во однос на македонските функционери…ваков впечаток се добива откако во јавноста шефот на дипломатијата е тој кој ги споделува клучните информации околу текот на преговорите во билатералниот спор, а првиот заменик премиер пак ја предводеше и делегацијата на владата на церемонијата за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Токму вклученоста на Албанците во преговорите со Бугарија и Грција беше и едно од клучните барања или точки во т.н. Тиранска платформа.

Но не е само ова брање исполнето за да бидат задоволени албанските барања. Влегувањето во сила на Законот за двојазичност значи и исполнување на дури 90 отсто од барањата впишани во тиранската платформа која како божиќна честитка беше испратена до македонските политичари и ултиматум за формирање на Влада во 2016-та.

Сепак од доаѓањето на власт на СДСМ речиси во целост се исполнети сите нивни барања. Постигната е целосна рамноправност која беше побарана уште со Охридскиот договор – спроведена мултиетничност во Уставот каде Албанците се сметаат за државотворна нација. Откако спикерот Џафери без потпис на претседателот го објави законот за јазици, се исполни и барањето за целосна јазична еднаквост – употреба на албанскиот јазик на сите нивоа и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право.

Со пазарот со БЕСА и Алијанса се исполни и барањето за етничката припадност и државјанството на Албанците.

Со уставните измени кои парламентарното мнозинство глатко изгласа менување на највисокиот правен акт се отвори и патот за сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

Потписниците на албанската платформа побараа Собранието да усвои резолуција со која ќе се осуди геноцид врз албанскиот народ во периодот од 1912- 1956, единствената неисполнета точка од платформата.

По рамковен договор се вработени Албанци во сите државни институции., а обезбедени се и повеќе пари за општините  со албанско население. Формирани се албански културни институции на централно и на локално ниво.

Во тиранската платформа беа опфатени и неколку судски случаи- дел од нив и со првосилни судски одлуки, „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Диво Насеље”, за кои албанските потписници бараа меѓународна истрага, која со најновиот пазар за останување на СДСМ на власт беше исполнето.

Албански претставници беа вклучени и во решавањето на спорот со името. Во делот за добрите односи со соседите, зголемена е и соработката со Косово, Заев своевремено се испазари и Косово да биде нашиот петти сосед.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста