Протест на жителите на Горно Седларце – бараат ослободување од плаќање патарина или изградба на спореден пат

Со мирен протест пред патарината Тетово-Гостивар,жителите на Горно Седларце бараат надлежните да ги слушнат и исполнат нивните барања-ослободување од плаќање патарина , или изградба на спореден пат.Не е велат во ред да плаќаат како и сите останати, а селото им е на само 3 км од првата патарина кон Гостивар.Горно Седларце има околу 3000 жители, кои поради работа, училиште или други обврски, постојано патуваат до Тетово што претставува голем трошок.

Не само што се жалат дека им се наплатува, реагираат и на лошата патна инфраструктура,поради која има чести сообраќајки.Патот Тетово-Гостивар е велат,далеку од стандардите на еден автопат.

Ова е трет пат како седларчани протестираат.Секаде пријавиле за нивните барања, но, немаат никаков одговор.Сега се решени да одат до крај,дури и на радикализација на протестите и блокади на автопатот, се додека барањата не им се исполнат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста