Владата на Зоран Заев шири лажни вести за Алфа телевизија

Владата на Зоран Заев продолжува со нападите на независните медиуми ширејќи лажни вести, злоупотребувајќи ги институциите на државата, овој пат Управата за јавни приходи.
Вчера на веб страницата на “Владата на лажните вести” осамна список со компании што добиле, а не испалтиле субвенции за плати на вработени. На тој список лажно и тенденциозно е ставена и нашата телевизија. Субвенциите што Управата за јавни приходи на сметката на телевизијата ги има префрлено на ден 31 Јануари, петок, Телевизија Алфа, во потполн износ ги има исплатено на 03 и 04 Февруари, среда и четврток следната недела, 5 дена подоцна, како дел од редовните исплати на плати, придонеси, регреси и други додатоци на плати.
Значи, еве ја технологијата на ширење на лажни вести: ефтина, провидна и лесна.
На 31 Јануари, петок, префрлате средства, а во понеделник, 2 дена подоцна, на 2 февруари, правите пресек за предходниот месец и објавувате список со лаги и невистини.  Алфа Телевизија доби субвенции од 1 милион и седумстотини илјади денари, а на своите редовни вработени, хонорарни и други соработници во информативната, документарната, забавната и играната продукција, повеќе од 160 извршители, им исплати околу 10 милиони денари или околу 110.000 евра. 
Најсмешно во целата ова ситуација е тоа што сите тие движења на нашата сметка се на секојдневен увид на УЈП која има потполен преглед на приливот и одливот на средствата наменети за исплата на плати и придонеси на вработените. 
Во овој случај, сметаме дека Владата на Зоран Заев шири лажни вести со цел да го наруши угледот и работењето на единствениот медиум кој има критичка уредувачка политика кон неа. 
Телевизија Алфа ова го смета како уште една злоупотреба на државни ресурси со цел партиски и владин притисок врз нашата телевизија.


Јани Бојаџи,Управител.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста