Протест на вработените во тетовска комунална хигиена-половина година работат без придонеси

70-тина вработени во тетовска комунална хигиена утрото излегоа на протест за неисплатените придонеси и доцнењето на платите.Половина година немаат осигурување.Повеќето се со болести, за кои им требаат лекови, кои сега, ги плаќаат приватно.Раководството велат, со месеци ги лаже дека состојбата ќе се среди.

“Еве јас за мене лично, 2500 денари ми одат за лекови, наместо да платам 300, јас плаќам 2500.Со срцето имам проблем, и морам да ги земам лековите-вели вработен.”

Шест месеци немаме придонеси, еве јас сум дијабетичар, морам таблети да земам,немам пари,ама некому воопшто не му е гајле.Еве гледате, ве видоа вас медиумите и побегнаа, што не дојдоа да кажат што е проблемот,ама начекале овде неписмени и тоа е-изјави друг вработен.

“Нема ни осигурување, ниту плата, ништо, џабе работиме-се жали вработен.”

Директорот на комунално вели дека е свесен за проблемот, но, претпријатието поради корона кризата периодов работело со загуби и долгови, поради намалената наплата на сметки. Бара помош од државата.

“Сумата што ја должиме за придонеси е околу 10 милиони денари, а загубата што ја имаме поради пандемијата е околу 26 милиони денари.Поради состојбата со вирусот имаме намалување на наплата на сметки околу 65 проценти-вели Џелал Цека- Директор на ЈКП Тетово.”

Инаку, во ЈКП се вработени околу 300 луѓе, но, иако сите се соочуваат со истиот проблем, само вработените од комунална хигиена излегоа на протест.Доколку проблемот не им се реши, се заканија со штрајк.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста