Протест на угостителите и музичарите

Угостители, музичари, фотографии, вработени во студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкерници и во останати дејности поврзани со организирање на свадбени прослави денеска излегоа на протест во Скопје и Гостивар.  Не се задоволни од помошта која ја добиле од Владата, велат и покрај сите состаноци немале слух за нив.  Бараат владата итно да им дозволи да работат, односно да организираат свадбени и слични прослави под строги протоколи. Се жалат дека цела година се без остварен приход, но велат дека на вработените редовно им давааат плата. Се бара и отворање на  ноќните клубови.

Единаесет месеци од сопствени средства плаќаме камати за кредити, кирии, комунални трошоци, осигурување, обезбедување и останати режиски трошоци. Апелираме да донесете протокол со временска динамика која што е од исклучително значење како за нас, така и за идните младоженци. Споредбено со регионот, ние сме единствена земја која што не доби протокол цела измината година, а поддршката што ни ја давате субвенционирање плати и придонеси, како и еднократниот грант, е убедливо најниска директна помош во нашиот сектор “, рече угостителот Перица Голомеиќ.

Министерот за економија Крешник Бектеши пак вели дека угостителите имале доволно помош во четвртиот пакет мерки и дека не се заборавени ниту во петтиот пакет.

„Што се однесува на протестите и ултиматумите, јас не се согласувам со ултиматиумите, а секако дека би ги охрабрил сите граѓани на демократски начин, затоа што ние сме демократска држава, да го кажат нивното мислење преку демократски начини, како што се протестите, а ние ќе бидеме тука како влада да и поомогнеме на бизнисот и граѓаните, се со цел да ја поминеме пандемијата со најмали последици“, додаде Бектеши.

Организаторите на свадби и семејни прослави, но и газдите на ноќните клубови најавија-  доколку надлежните не им излезат во пресрет, од понеделник  ќе почнат со континуирани протести во Скопје и во градовите од внатрешноста.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста