Одржана меѓународна конференција на тема: Современите трендови во медијацијата и предизвиците за регионална соработка во земјите од Западен Балкан

На 19-ти месецов во Скопје, во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност, се одржа работилница на тема „Современите трендови во медијацијата и предизвиците за регионална соработка во земјите од Западен Балкан“.
Партнери на работилницата се Здружението на јавни обвинители на Република Македонија, Српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Југоисточна Европа и адвокатското друштво „Дракуловска – Стојановска“.


Работилницата има цел да ги промовира практичните достигнувања, проблеми и предизвици во областа на медијацијата, особено нагласена во услови на пандемијата на ковид-19, наоѓање модели за поголема инклузија на медијаторите во граѓанската и кривичната постапка, вклучувајќи ги и другите области на имплементацијата на медијацијата. Регионалниот пристап претставува појдовна рамка за ефикасно функционирање на современите корпорации.

Работилницата ќе овозможи презентирање на суштината и вредносниот капацитет на медијацијата како вонсудска постапка, примена на практични вештини на медијаторите и истакнување на суштината и проактивната улога на инволвираните субјекти во постапката на медијација. Преку согледување на современите трендови, работилницата има цел да обезбеди високо ниво на третман и воспоставување економичен и ефикасен пристап за решавање на споровите во правосудните системи. Работилницата се карактеризира како уникатен, модерен, одржлив изразен модел за анализа и сублимација на практиката на интерперсонална медијација, исклучително актуелна тема и реалност.

Модератор на меѓународната работилница е проф. д-р Љупчо Сотирски, претседател на Комисијата за меѓународна соработка на Асоцијацијата за корпоративна безбедност, кој истакна дека македонското општество ги доживува реформските процеси, а заедно со нив ја промовира и медијацијата со која се афирмира решавањето на споровите по мирен пат, со наоѓање заедничко прифатливо решение. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста