Производителите на ориз добија ветување за исплата на субвенции

Од утре да започне исплата на субвенции, оризовата арпа да се откупува по цена од 22 до 25 денари, а оризот 50 , ваков првичен договор постигнаа откупувачите и самостојниот синдикат  на земјоделци на денешата средба со ресорниот министер. На овој начин ќе се амортизира состојбата во која се наоѓаат оризопроизводителите, велат од Самостојниот синдикат на земјоделци.

  „Имаше разговор околу тоа субвенциите ќе се исплатат некаде во наредните неколку денови.Очекувам од утре, задутре да почне исплатат на субвенциите и евебтуално да се амортизира тој дел, бидејќи земјоделците се пред прагот на новата сеидба  и час поскоро им се потребни тие средства за да обезбедат нафта, репроматрејали „- изјави Ставре Јанев од Синдикатот на самостојни земјоделци

Како еден од предлозите за да се помогне со откупот на заостанатиот ориз од минатогодишната реколта, е да се овозможи извоз на околу 2000 до 3000тони  за турскиот пазар.  По која цена ќе се извезува ќе се оддлучува наредната недела.

  Доцнењето на исплатаа на субвенциите и ниската откупна цена ги стави пред свршен чин оризопроизводителите кои досега протестираа неколку пати.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста