Проглас на осудените од 27-ми април: Седум години зад решекти како жртви на политички прогон, не ја прифаќање етикетата државни непријатели

Проглас на осудените од 27-ми април: Седум години зад решекти како жртви на политички прогон, не ја прифаќање етикетата државни непријатели

По седум години зад решетки, осудените за собраниските настани од 27 април се уште ја чекаат правдата и велат дека неосновано издржуваат драконски казни затвор. Во проглас коj пред камерата на Алфа го прочита еден од осудените, Горан Ангелов Ќосето, порачуваат дека се жртви на политички прогон, кој се уште се спроведувал со несмален интензитет.

Според нив, во колективната свест на македонската јавност и  македонското општество, неспорно ќе остане запишано дека тие се политички  жртви какви што немало од 50 – те години на минатиот век.

-Ако тогаш, многу Македонци беа затворани  во  затворите и логорите на бивша Југославија за непријателска активност, ние во 21 век  во самостојна и независна Македонија доживеавме да бидеме прогласени за  непријатели на државата. Доживеавме и формално да бидеме политички затвореници осудени за кривично дело против државата со НАЈБЕЗОБЗИРНО кршење на кривичното законодавство, се вели во Прогласот

Прашуваат дали Макеоднија може да оди напред додека не се расчистат актерите во полицијата, Обвинителството и судството кои ги злоупотребиле настаните од 27-ми април за да спроведат лична политичка агенда. Порачуваат дека не сакаат никаква амнестија

-Најлесно за политичките актери е со Амнестија да се стави крај на овие неправди кои предизвикаа длабок конфликт во македонското општество, но дали ние жртвите на политичкиот прогон може да се помириме и да ја прифатиме етикетата државни непријатели. Ако ние, осудените, имаме единствена цел, да ја отстраниме од нас и нашите семејства  етикетата државни непријатели, македонското општество има потреба од амортизирање на длабокиот  конфликт кој полицијата, Обвинителството и судството злоупотребувајќи ги настаните од 27 април, се вели во прогласот.

Сметаат дека не се единствените жртви на актуелната власт, туку дека тоа се и поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за чија правна елиминација биле користени нефер судски постапки и опрелувани биле незаконски притвори.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста