„Пристап до мрежа“ – за Владата фер мерка, за експертите неразумен потег

Колкаво ќе биде поскапувањето на електричната енергија и на што се темели ?  Владините министри веќе најавуваат поголеми сметки за граѓаните кои спаѓаат во треиот  и четвртиот блок  . Исто како и при последната промена на цената во јуни кога поскапеа овие блок тарифи и сега велат дека тие што трошеле повеќе можеле тоа да си го дозволат и треба да плаќаат плус .

Некакво поскапување сигурно е дека ќе има бидејќи тоа се најавува веќе долг период . Експертите сметаат дека Владата нема да дозволи ценовен шок за граѓаните, ама апелираат при одредувањето на новата цена мора да се заштитат и државните компании. Според познавачите,  новата ставка „пристап до мрежа“ може дополнително да ја оптовари цената ако мрежарината која веќе се плаќа не се намали за истиот износ кој ќе се наплати од таканаречениот „ Данок на луксуз “ .

Тој пристап кон мрежа ако сите го плаќаат изнесува над 30 милиони евра и тие ќе ја оптоварат цената, се најавува дека ќе се намали мрежарината , ако мрежарината се намали за толкв износ тогаш оваа нова давачка нема да ја оптерети цената .   Ако се најавува зголемување, тогаш е сигурно дека некакво ќе има , не знам, ќе видиме што ќе излезе на крајот индикативна е новата ставка , треба добро да се објасни , смета професор Атанаско Тунески

Од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата  велат дека оваа ставка ќе донесела правда .  Експерите прашуваат , како е ова фер и зошто оние кои имаат објекти за кои платиле приклучок имаат мала потрошувачка и редовно плаќаат сметки, сега треба да платат повеќе  . Според Туневски, властите мора добро да ја објаснат новата ставка .

 Не глеам што е фер кон сите ако јас плаќам сериозни количини елекрична струја, дополнително на тоа јас сум платил приклучок и сеа треба да плаќам пристап на мрежата , не е јасно кажано дали сите ќе плаќаат . За пример ,  за одржување на патиштата најмногу треба да плаќаат оние што најмногу трошат , сега ќе плаќаат оние што најмалку трошат , сега се работи за оние што најмалку трошат и ја оптоваруваат мрежата .  Едноставно се поставува прашањето зошто некој што не троши треба да плаќа повеќе , особено зошто таква ставка нема никаде , вели професор Тунески.

Новата цена на струјата ќе важи од 1-ви јануари , а пресметките и што ќе биде прифатено од барањата ќе се знае до крајот на идната недела .  Досега се знае дека ЕСМ ќе продава поскапа произведена струја на ЕВН Хоум за 7 отсто, а команиите побарале поскапување на струјата за домаќинствата од 27 проценти .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста