Прилепчани, кумановчани и тетовци дисциплинирани, надвор излегоа со маски, ракавици и шалови

Едни маски, други шал, трети марами и речиси сите ракавици. Тетовци , Прилепчани и Кумановци главно ја почитуваат мерката на Владата за задолжително носење на заштитна опрема која почна да важи од денеска. Прилепчани се согласуваат дека оваа мерка е корисна во носака на заштита од ширење на коронавирусот.
Овие денови во аптеките, масовно се купуваат заштитни маски. Тетовци велат дека цената не е променета . Тие и денеска го наполнија градот, дел од нив чекаа ред пред маркатите да пазарат , други пак беа излезени да си ги платат сметките во банка, трети одеа на работа , ама сите си носеа маски.
Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини . Колкави ќе бидат казните за непочитување на овие мерки, засега не се знае. Тоа треба да го уреди Министерството за правда . Од власта најавија дека првично ќе се даваат само опомени а ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда казната .
Дејан Трендов