СЗО: Состојбата со корона вирусот е стабилна, во Шведска за два дена повеќе од 300 починати

Единствената држава која не презема екстремни мерки за борба против пандемијата со корона вирусот- Шведска, само за два дена регистрира повеќе од 300 починати.

Шведска не се одлучи за рестриктивни мерки кон своите граѓани како останатите држави и овозможи да функционира економијата во услови на пандемија.

Сепак за разлика од Шведска во државите кои беа жаришта на вирусот се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19.

Франција која беше една од најпогодените земји го зголемува бројот на евидентирани лица кои закрепнале од Корона вирусот. Во оваа земја од почетокот на пандемијата, повеќе од 40 000 лица биле излекувани и пуштени дома.

И во Италија опаѓа бројот на заразени и починати– само во последните 24 часа излечени се 2.943 лица.

Во Шкотска предвреме родено бебе се излекува од Ковид-19. Бебето било старо само три недели.

Тоа беше прв пат кога го видов моето бебе како плаче. Ја држев, плачев и сакав само што е можно поскоро да заврши“, изјави мајката.

Иако светот брои над 2 милиони заразени со Ковид-19, расте бројот на закрепнати лица. СЗО смета дека состојбата во Европа со корона вирусот полека се стабилизира. Сепак, апелираат на внимателно олабавување на мерките за борба против пандемијата со корона вирусот.

Земјите на Балканот како Босна и Херцеговина, Косово и Грција најавуваат ублажување на рестрикциите веќе од 4-ти мај. Министерот за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, веќе испрати да се укине полицискиот час за граѓаните.

Албанија пак реши од следната недела судовите и таксистите да почнат со работа.

Американските стручњаци излегуваат со нови процени, кои загрижуваат, а според нив следната зима следи нов бран на Корона вирус.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста