Левица поднесе иницијатива пред Уставен суд за одлуката на Пендаровски за продолжување на вонредната состојба

Партијата Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд со која, бара поништување на одлуката на претседателот – Стево Пендаровски, за повторно прогласување на вонредна состојба. Според претседателот на партијата, професорот Апасиев, одлуката на претседателот била противуставна, а со неа, како што вели, и било овозможено на техничката влада – дополнителен период од 30 денови, да носи уредби со законска сила.
Апасиев реагира, дека за време на 30-дневната вонредна состојба – техничката влада, донела вкупно 120 уредби со законска сила. Од нив, вели тој, едвај 40, се однесуваат стриктно на борбата и справувањето со последиците од коронавирусот, а другите 80, немаат каква било врска со актуелните случувања. Одлуката на Пендаровски, според Апасиев, е непозната во уставното право, и е, како што ја нарекува – илегална, и затоа, ќе ја оспори пред Уставен суд.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста