Премиерот Ковачевски не знае зошто Македонија е рангинара како најнесреќна земја помеѓу државите на Балканот ?!
Според последните истражувања од Светскиот извештај за Среќата во светот за 2022 година“, Македонија е рангирана на 89-тото место од 146 држави и е последна помеѓу балканските држави според нивото на среќа на своите граѓани, или поточно, Македонците се најнесреќните луѓе на Балканот. Одговарајќи на прашањето на Алфа, какво е чувството да се биде премиер на најнесреќните луѓе на овие простори, Ковачевски се оправда со светската криза, притоа избегнувајќи конкретно да одговори на нашето прашање.
„Да бидете премиер на држава во време на најголемасветска економска криза, која што е преедизвикана од воена агресија, во време кога светските берзина основните прехранбени производи, на нафтените деривати и на енергенсите се на историски највисоко ниво после Втората светска војна е голема одговорност. Меѓутоа, јас сметам дека заедно со тимот од Владата правиме се за да го заштитиме, прво животниот стандард на граѓаните и тоа го потврдивме“ – посочи премиерот Димитар Ковачевски.
Според него, во веќе препозантливиот „Ќе-стил“, македонските граѓани ќе станеле посреќни откако ќе се продолжело со инвестициите и со градењето на инфрастрктурата, како што бил и патот Прилеп – Градско.
„Ако продолжиме во таа насока, тогаш сметам дека и задоволството на нашите граѓани ќе расне и ќе биде на ниво на држави кои што се поразвиени од нашата држава“- појасни Ковачевски.
Нашето повторно инсистрирање да добиеме поконкретен одговор, знаејќи дека и за другите земји е криза, па сепак не се несреќни колку нас, за жал остана безуспешно, премиерот не ни одговори.
Каролина Дурло