Зголемените нарачки за тексилните компании, нема кој да ги сработи
Војната во Украина, наметна парадоксална ситуација во македонскиот текстил. Порачки има, ама нема кој да ги сработи, се жалат работодавачите. Дисбалансот на пазарот на труд и измените во Законот за работни односи во делот на прогласување на технолоши вишок се причина, да не можат да одговорат на бизнис понудите кои доаѓаат од странство.
„Послдниве денови имаме многу голема побарувачка за нашите производи и никој не може во Македонија да ги задоволи тие барања. Постојано доаѓаат нови фирми. Некој работеле во УКраина, а некој овде. Знаете лани поради ковидот многу се намали бројот на работници во текстилната индустрија„-изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи.
Покачувањето на енергенсите и храната се причина за стопанствениците со странските партнери од Европа преговарат за повисока цена. Признаваат тешко им оди. Значителен удар ќе предизвика и исплатата на минималната плата, објаснува Димитров
„Се се тоа некој квази решенија и зборуваат дека малку сме претерале. Никаде во светот нема 62% минимална плата од просечната плата. Таа политичка одлука беше многу лесна, едногласно се изгласа, но последиците од неа ќе се чувствуваат сега. Така што тоа ќе предизвика и проблем во Буџетот и со јавниот сектор и проблем кај нас во компаниите. Како сега да го наградиме добриот работник, кога на лошиот работник треба да му дадеш 18.000денари„-вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи.
Ковид пандемијата силно ја погоди текстилната индустрија. Околу 7000 работници останаа без работа, а поради стопирање на нарачките од Европа многу конфекции ставија клуч на врата..
Александра Ристевска