Премиерот ги смирува граѓаните пред новото поскапување на струјата

Премиерот ги смирува граѓаните пред новото поскапување на струјата

Кој ќе се изгори од први јануари со новата цена на струјата ?  Премиерот најави повторно поскапување на третиот и четвртиот блок  по Нова Година, оти во тие блокови спаѓале домаќинствата со повеќе пари и имале можност да трошат струја за луксуз и да загреваат базени,  додека владата субвенционирала 90 отсто од електричната енергија во државата .

Се поставува прашањето кој се луксузира кога граѓаните, особено оние кои се греат на струја внимаваат кога и колку време ќе користат греење и воопшто како да ги завршат домашните обврски  со цел да не преминат во третиот  блок .Од друга страна, економските истражувања кои беа направени годинава покажаа дека населението е енергетски сиромашно и оти граѓаните штедат на храна за да платат сметка .  Сепак премиерот  уверува дека нема да се дозволат ценовни шокови за граѓаните

-Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени итн.Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти електричната енергија во државата за да немаме ценовен шок,

Граѓаните, колку толку се надеваа дека од високите сметки ќе ги „ спаси “ евтината тарифа, но таа се уште не е достапна за околу 400 илјади домаќинства .  Додека голем дел од граѓаните коментираа дека периодот во кој има евтина тарифа  од 13-15 часот ништо не им значи оти тогаш се на работа,  Ковачевски вели дека имало голем број на пензионери кои биле дома .

 -Голем број на домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање итн. и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа, рече Ковачевски.  

Во новата цена на струјата ќе влезе и новата ставка  ,пристап на мрежа која веројатно ќе ја зголеми сметката за плус 3 – 4 евра од јануари. Повеќе детали околу ова , Премиерот не кажа, туку упати одговорите да се бараат во регулаторната комисија од каде посочија дека одговори ќе дадат утре.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста