Прекин на водоснабдувањето во делови од општините Центар и Кисела вода

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека заради изведување на водоводен приклучок на „Христо Смирненски“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот; (Општина Центар ). Исто така, заради дефект на водоводна цевка на Бул. „Борис Трајковски“ бр. 11/1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од крстосницата со Бул. „Србија“ до „ОХИС“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот. (Општина Кисела Вода)

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/posts/3227784900634716
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста