Пораз од Германија за крај на надежите за наредна фаза на ЕП 2024
Машката ракометна репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на Европското првенство и тоа од домаќинот Германија со високи 34-25, со што и теоретски ги загуби шансите за пласман во следната фаза.
Во преполната „Мерцедес Бенц арена“ во Берлин, домаќинот не дозволи изненадување. Уште од самиот почеток ја презеде иницијативата, постепено го зголемуваше водството за мирна пауза со 21-13. Германците својата светска класа ја потврдија и во вториот дел предводени од Кнор со 12 голови. Во таборот на Македонија, Костески најефикасен со шест пред Пешевски и Јагуриновски со по четири погодоци.
Македонија последниот меч на ЕП ќе го одигра утре против Швајцарија од 18 часот исто така во Берлин.