Во М-НАВ се вработени и сестрата на Османи, снаата на Груби, внукот на Николовски…

Во М-НАВ се вработени и сестрата на Османи, снаата на Груби, внукот на Николовски…

Сестрата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, снаата на вицепремиерот Артан Груби и внукот на министерот за земјоделиот Љупчо Николовски се вработени во контролата на летање, открива КОД.

Ова ни малку не не изненадува ако се знае дека по упадот во М-НАВ и премиерот Димитар Ковачевски изјави дека оваа институција се претворила во семејна фирма, каде се вработувале роднини и до трето колено.

КОД објави дека меѓу вработените во М-НАВ има и роднини на други функционери и политичари. Таму се и снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими, внукот на советникот на директорот во М-НАВ Беким Незири, кој сега е осомничен за упадот во контролата на летање, а извори на КОД тврдат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Роднините на Николовски и на Незири се вработени како помошници контролори, а во оперативниот дел работи и сестрата на министерот Османи. Останатите роднини работат во администрацијата на М-НАВ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста