Пописните тимови ќе се екипираат во март, за Народниот правобранител здравјето е поважно од пописот

Власта брза пописот да го истурка на пролет, опозицијата предупредува дека се загрозува здравјето на граѓаните, но и нема пописни тимови, државниот завод за статистика се правда – рано е за екипирање на попишувачите.

Симовски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека немало пописни тимови велидека ќе биле формирани најдоцна до 10 март.

Се уште е рано за да бидат направени пописните тимови, доколку се направата сега има голем временски период за луѓето да се откажат доколку се вработат или пак да не можат од различни причини да бидат попишувачи. Тимовите ќе бидат формирани најдоцна до 10 март, а обуката која ќе ја посетуваат ќе биде 5 дена и ќе биде реализирана во втората половина на месецот-рече Апостол Симовски – директор на државен завод за статистика.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше дека пописот мора да се одложи, оти е можен фалсификат, време на пандемија е, а нема ни пописни тимови.

-Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту, пак, обучувачите на пописните тимови, а имајќи ги предвид пандемиските услови во кои се наоѓа државата невозможно е да бидат обучени, а притоа да биде заштитено нивното здравје. Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе, слушаме дека првите вакцини евентуално би пристигнале во државата во скромна количина некаде на почетокот на март, посочи Мицкоски.

Со изјава за попис во време на пандемија со вирус кој одзема илјадници животи во Македонија се јави и народниот правобранител Зибери, вели пописот не може да биде над здравјето.

Ќе ги истражуваме сите елементи на претставката и доколку бидат основани, истите ќе се процесуираат. Но, дозволете да ми кажам нешто друго кога е пописот во прашање. Перманентно сум бил поборник на ставот оти здравјето на граѓаните, општата здравствена состојба во земјата треба да биде на прво место. Затоа оваа многу значајна статистичка активност е потребна, но не може да биде над прашањето на здравјето на луѓето – рече Зибери.

Во меѓувреме започна реализицијата на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на законот за попис со собирање на потписи на граѓаните. Од опозицијата тврдат дека попис сега не е паметна одлука, предлагаат или електронски попис или одложување на истиот за наредната година.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста