Пендаровски: Уште на 5-ти ноември добивме сознанија дека Русија ќе ја нападне Украина

Изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека Македонија уште во ноември знаела за нападот на Русија врз Украина е неодговорна –  коментира поранешниот директор на дирекцијата за заштита на класифицирани информации Александар Нацев. Како врховен командант на вооружените сили, Пендаровски не смеел да си дозволи, во јавност да изнесува детали за тоа какви документи државава добила, и тоа преку механизмите на НАТО. Особено  ако се земе предвид дека Алијансата има строги правила по однос на можното нарушување на безбедноста на овие класифицирани информации.

По малку таа изјава беше неодговорна, како врховен командант не може да си дозволите луксуз и да излезете на тв и да кажувате какви документи дошле до вас, посебно дека тие документи дошле преку нато механизми, сите знаеме како оди тој проток од нато штабот до нашите држ органи, уште помалку дозволиво е вие како најодговорен да ги почитува тие прописи за заштита на тие класифицирани информации. за такви документи, да кажете што имало во тие документи, и какви мерки ние сме преземале или не сме преземале нешто како  држава – вели професорот Александар Нацев.

Според Нацев, инспекторите за безбедност на класифицирани информации би требало да направат соодветна анализа, дали Пендаровски ги прекршил правилата за заштита на класифицирани информации.Таа анализа би покажала дали содржината била јавно објавена и дали навистина во тој документ стојат информациите што ги соопшти претседателот а се однесуваа на планот за руската инвазија, проценката за поставувањето на украинските сили и сите податоци кои НАТО алијансата ги споделила со земјите членки.

Тој документ јавно не сме го виделе, не знаеме дали во тој документ стојат тие информации, за главните правци на напад, проценката за поставувањето на украинските сили, дури тогаш кога ќе се види документот и кога ќе се спореди со она што претседателот го кажа на ТВ може да се одлучи дали ќе се покренува поантамошна анализа за нарушување на безбедноста – вели Нацев.

Како што изјави Пендаровски тој уште пред четири месеци имал информација дека Русија подготвува напад на цела Украина, датумот за почетокот на инвазијата бил пропуштен само за три дена, но предвидувањата на НАТО за главните правци во кои ќе напаѓала Русија, се покажале како точни.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста