„Aлфа“ на удар на институциите – УЈП врши незаконски притисок врз единствената критичка Телевизија

Продолжуваат притисоците врз „Алфа“, единствената критичка телевизија во македонскиот етер. Управата за јавни приходи молчи за решението за наплата на наводен долг од речиси 200 илјади евра, за кој се уште во тек е судска постапка. Ниту една институција досега не успеа да пронајде ништо спорно, ниту незаконско, и покрај тоа што нашиот медиум подолго време се соочува со речиси секојдневни инспекции, контроли и надзори. Иако, по се изгледа сме трн во окото на власта, тоа нема да не спречи да продолжиме да информираме како и до сега.

Ископајте стар долг, ако треба и измеслете го, молчете за него со години, набијте му камата, удрете по фирмата, и ако тое не помине, на крајот удрете лично по некој од вработените – ова е рецептот со кој Управата за јавни приходи се реши да се пресмета со Алфа телевизија, единствениот критички медиум во македонаскиот етер.

Не само што се пресметува туку и одбива да даде одговори. Ниту директорката Сања Лукаревска крева на телефон, ниту службата за односи со јавност одговора на нашите прашања за случајот со кој ја напаѓаат „Алфа“ телевизија. Случај, кој според адвокатите претставува правен преседан и невидена небулоза.

  • Многу е едноставен проблемот. За дејствија кои што наводно се тврди дека не се согласно законската регулатива од 2013 и 2014 година, се задолжува управител, кој како физичко лице станува управител во 2016 година. Просто е невозможно е да имаме вакво решение за задолжување, кое што можеме да го оцениме како незаконито и неосновано, вели за Алфа адвокатот Панче Тошковски.

Значи, станува збор за наводен долг од околу 200 илјади евра во кои се пресметани и огромни камати. Сиптоматично е што наводниот долг датира од пред речиси десет години, односно од 2013-та година, но УЈП го активира случајот откако „Алфа“ ТВ стана трн во окото на власта.

Не им успеа да ја осакатат „Алфа Скоп“, фирмата мајка на телевизијата, па удираат по нејзиниот актулен управител. Бараат тој лично, од сопстевн џеб да извади  речиси 200.000 евра, односно да ги плати парите иако е назначен на фунцикијата во 2016-та година, три годни откако настанал наводниот долг, за кој се води судски процес, кој не е ни завршен.

„Алфа“ е единствената телевизија која веќе подолго време се соочува со притисоци од повеќе институции – Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаа да најдат ништо неправилно и незаконско.

Сепак, ваквите контроли и притисоци влијаат на тековното работење на медиумот кој е единствениот кој отворено ги критикува полтиките на актуелната власт.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста