Маските во училиштата засега остануваат

Нема предлог за укинување на задолжителното носење маски во училиштата. Комисијата за заштита од заразни болести денеска не дискутирала за тоа, а предлага  укинување на сертификатот за влез во моловите, а останува задолжителен во угостителскиот објекти. Состојбата со ковид-19 видно одела кон подобро, но Комисијата нема да брза со оленувањето на рестрикциите.

–Направен е скрининг, скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор, меѓутоа би требало да земеме предвид една важна работа, а тоа е дека скринингот е направен додека важеше мерката за носење на маските во училиште, не е направен скрининг без маски во училиште и со таква мерка имаме таква трансмисија на вирусот. Дали би можеле да очекуваме исти резултати кога би ја укинале мерката, кога би ја промениле епидемиолошката состојба актуелна на теренот, тоа е нешто што епидемиолошки е нелогично ако се случи укинување на маските тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била на трасмисија на вирусот доколку имаме такви нови околности, наведе Мехмедовиќ.

Силна кампања за вакцинација започнува Комисијата, за ризичните групи и не-целосно вакцинираните. Доколку кампањата вроди со плод, Комисијата ќе го отпочне олабавувањето на рестрикциите. Главниот кризен штаб во Владата се уште ги нема прифатено предлозите на Комисијата од пред 20-тина дена, но претседателот смета дека станува збор само за подолга процедура.

  • Не се работи за некаква блокада, туку се работи за поусложен пат или не знам некоја административна пречка секако и очекуваме многу брзо сите заклучоци да бидат усвоени вели претседателот Александар Петличковски.

Инаку, во последното деноноќие од направени 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Вкупно деветминана ја изгубиле битката со вирусот, од кои 6 во последното деноноќие. Најмладиот има 64 а највозрасниот 86 години. Во Македонија во моментов има активни 3252 случаи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста