Осумнаесет мигранти од Бангладеш пронајдени во возило кај локалитетот „Стоби“

На 16.07.2020 во 14.30 часот на автопатот Неготино-Градско, во близина на локалитетот „Стоби“, од полициски службеници од Полициската станица Неготино било запрено товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(33) од Скопје, во кое се превезувале 18 лица мигранти, сите од Бангладеш. В.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста