Оризопроизводителите на протест, бараат субвенции и реагираат дека ги нема во петтиот пакет мерки

Повисока откупна цена, исплата на субвенции, дополнителни 5денари по килограм предадена оризова арпа, чисти канали, навремено пуштање на водата за наводнување ова се барањата на оризопроизводителите кои денес ги упатија до власта. Со земјоделска механизација го блокираа патот Штип-Кочани…

  „Дојдени сме до работ на егзистенцијата.Оризот многу малку се откупува и тоа што се откупува е по многу ниска цена. Затоа апелирам до Министерството за земјоделие да најде начин , да ни излезат во пресрет за да можеме оваа сезона да ја проживееме„-изјави Драгољуб Гаврилов од Иницијативниот одбор за спас на оризот.

  „За оризот не водат ред. Од што ние ќе си купеме ѓубре, репро матрејали? Да дадат субвенции за да можеме да преживееме„-изјави Стојанчо ПОстолов , оризопроизводител.

   „Види какви ми се рацете од земјоделие..И на крајот ништо фајде нема. Кај нас нема власт , нема ништо„-изјави Трајан Триботилев

Во моментот оризот од сортата „Сан Андреа„ ја достигна најниската цена. Се откупува за 40денари, па поради тоа 60-70% од минатогодишната реколта се чува во амбарите.

„Ние како оризопроизводители си го бараме само она што ни беше ветувано кога Љупчо Николовски беше кандидат за пратеник а потоа стана и министер. Тој ни обеќаше минимална цена на оризовата арпа 25ден, а минималната цена на оризот да биде 50денари. Од сето тоа нема ништо„-изјави Тони Максимов од Иницијативниот одбор.

Оризопроизводителите поддржка добија од тутунарите и од пратениците од опозицијата. Од Иницијативниот одбор најавија дека протести ќе организираат еднаш неделно се додека не им се реши проблемот и субвенциите не се исплатат во најможен краток рок.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста