Мијалков се бара со меѓународна потерница, Спасовски никаде го нема

Ден откако кривичниот суд побара домашен притвор за екс директорот на УБК, полицијата се уште не може да го пронајде. Сашо Мијалков никаде го нема. Не е ни во станот на Водно, ниту пак во хотелот Мериот, го нема ниту во станот во Капиштец. Полицијата насекаде го бара, дури и по багажници на автомобили низ Скопје, полициски службеници врие и на скопскиот плоштад во близина на елитниот хотел.

Мијалков последен пат бил виден вчера во кафулето Дистрикт јавуваат дел од медиумите, кои тврдат дека екс директорот седел со поранешниот градоначалник Ивица Коневски, од кого новинарите бараа одговор дали има информации каде се наоѓа Мијалков, Коневски само кусо одговори дека нема.

Министерот за внатрешни никаде го нема, нема никаква прес конференција, Од МВР одговори даваат само преку соопштенија и писмени одговори на медиуми.

„Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница велат од МВР.

На нивната веб страница за луѓе кои се бараат го има Сашо Мијалков.

Од обвинителството за организиран криминал соопштуваат дека сепак имале индиции дека Мијалков подготвувал бегство, но се сомневаат дека имал и помош.

Од Обвинителство за организиран криминал и корупција велат:

до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Околу 21:20 часот обвинителството е известено дека има проблем со врачување на решението за притвор, по што во 21:47 е потврдено дека обвинетиот Мијалков не е пронајден.

Имајќи го предвид фактот дека во моментот на изготвување на предлогот за определување на мерка притвор, како и во моментот на нејзиното поднесување до судот, обвинетиот Мијалков не бил во бегство, обвинителството смета дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 од Кривичниот законик заради што ќе ги преземе сите неопходни мерки за расчистување на ваквите сомненија.

Претходно поранешниот директор рече дека немало да бега.

Инаку за случајот Таргет Тврдина обвинителката Ленче Ристовска за Мијалков побара максимална казна затвор. Пресудата за случајот е за четри дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста