Оризопроизводителите на мака, родот годинава им е десеткуван

Оризопроизводителите на мака, родот годинава им е десеткуван

Заврши жетвата на ориз, ама и овој пат оризопроизводителите нема да се офајдат од она што го ожнеаја од нивите.  Годинава родот е десеткуван. Од  посеани  4000 хектари, собрани се помалку од 20.000тони арпа, што е за половина помалку од претходните години. Слабиот квалитет на арпата, ќе значи и уште пониска откупна цена, се жалат оризопроизводителите.

  „Не можеме ние земјоделците да работиме за производствена цена. Доколку рандаманот е 40-45% имаме производствена цена. Кај оние земјоделци, каде рандаманот е многу послаб, меѓу кои сум и јас, таму производствената цена е многу повисока. Тоа значи дека немаме доволна количина на арпа, но и таа што ја имаме има слаб рандамана, односно, некаде околу 30 до 35“ изјави Стојче Ташовски , оризопроизводител од Облешево.

 „Ваква мака немаме видено. Имаме инфлација од 20 до 30%. Цената на репроматрејалите се зголеми за речиси 100%. Ожнеавме околу 400кг.од единица декар. Со ваков род, цената треба да биде минимум 1евро. Без таква цена ние треба да се откажеме“ изјави Здравко Арсов, од Националната мрежа на земјоделци.

Оризопроизводителите се жалат и на немањето на квалитетен семенски матрејал. Тврдат дека она што се увезува од Турција и Италија е многу малку и во целост не ги задоволува потребите на македонските производители на ориз.

        „Немаме сертифициран семенски материјал, се снаоѓаме на црната берза. Немаме ниту хербициди, увезуваме од Турција од Грција, кој како ќе се снајде и секако тоа претставува проблем. Секако доколку Институтот и државата вложи труд да произведува семенски материјал, тоа за нас би значело поголем квалитет на оризот и поголеми приноси “ -изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од Облешево

Но не само оризопроизводителите, на лоши приноси и ниска откупна цена се жалат и житопроизводителите, лозарите, а за брзо време ќе почнат да лелекаат и тутунарите, објаснуваат од Националната мрежа на земјоделци. Тие до Владата имат доставено листа со девет барања меѓу кои зголемување на субвенциите и прогласување на елементарна непогода. Одговор се уште чекаат. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста