Општина Прилеп за само две години, наследниот долг од над 5 милиони евра го намали на помалку од 800.000 евра

Општина Прилеп за само две години, наследниот долг од над 5 милиони евра го намали на помалку од 800.000 евра

    Наследениот долг од претходната локална власт во висина од над 5 милиони евра, актуелното градско раководство на општина Прилеп за само две години успеа да го намали на само околу 800.000 евра. Со ова, општина Прилеп  се вброи меѓу 10-те најуспешни општини во државава во врска со предизвиците поврзани со капацитетите за управување со јавните финансии, посочуваат од ЛС Прилеп.

   „Успеавме вкупно преземените обврски од 292.562.164 денари од крајот на 2021 година да ги намалиме на само 47.085.000 денари во овој момент. Во меѓувреме реализиравме и огромен број на проекти. Ова беше докажано и преку јавно призание од ОН врз основа на темелно истражување во 2022 година на сите општини во Македонија, според која што Прилеп има одлична оценка за финансиското работење“, – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

   И покрај бројните тешкотии, условени и од глобалната криза, но и од домашните макро и микро економски неприлики со кои се’ уште се соочува државава, ама и од опструкциите на релација локална- централна власт, сепак општина Прилеп веќе почнала да се движи во вистинска насока, уверува Јовчески. „Општината веќе побара и ревизија на сите претходни финансиски активности, со цел одговорноста да добие име и презиме, а следствено на тоа и соодветно законско санкционирање на одговорните“, потенцира Јовчески.

   Инаку, општина Прилеп, веќе го донесе и годинашниот Буџет кој ќе тежи 1.774.987.000. Тој е оценет како развоен. Во споредба со ланскиот бележи раст за 253 милиони денари што се должи на кратење на непродуктивни трошоци, зголемување на приходите, реални јавни набавки и транспарентно, чесно и законско работење.

  Каролина Дурло      

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста