Охридската болница пред колапс – нема пари за регистрација на возилата за итна помош

Со долг од над 3,5 милиони евра и блокирана жиро сметка охридската општа болница е пред финансиски колапс. Удавена во долгови кои секојдневно растат, болницата не може да врши траспорт на пациети на клиниките во Скопје, оти 6-те возила за итни случаи не се регистирани. Се крпат позајмувајќи амбулатни возила од Здравствен дом со кои оди екипа од болницата.

Долговите ако не ги покрие државата, џабе ќе правиме муабет.Ние како болница не можеме да ги покриеме долговите. Колку се сега, дали имате постојано побараувања за наплата ? Па имаме нон стоп,блокирани сме, не само нашава болница, и Струга и битолската, кумановската, сите болници посебно ковид центрите. Меѓутоа не е само кревет, ние треба да испорачаме и услуга ,добри лекови,потрошен матерјал,опрема нова,реновирање на болницата. Како ќе зборуваме ние за здравство во 21 век со една, две респираторни машини,сега добиме пред 2 години доволен број на респираторни машини – изјави директорот на Општа Болница Охрид д-р Горан Балев.

Бараме вели Балев, како здравствена установа да се споиме со Здравстен дом под една капа, како што беше порано,оти во спротивно не ќе можеме глава да дигнеме. Покрај ресорното министерство, тој директно го прозва и Фондот за здравство.

Болниците каде што имате лежечки пациенти, сите се во загуба до една.Сретствата кои што фондот ни ги калкулира за една операција се смешни.На пример,една операција на камен во бубрег со кршење  со најсовремена опрема моментално имаме, ласери, аспиратори,фондот нас ни го калкулира 450  евра ,30.000 денари.Истата операција да одите во приватна болница е 2.000 евра.Ние во старт од било која операција сме во загуба – изјави директорот на Општа Болница Охрид д-р Горан Балев.

Столб на здравството е државното здравство, нема секој пари да се лечи во приватните клиники, вели Балев на кого му тежи и недостатокот на кадар. Од 520 вработени во болницата само 70 се лекари специјалисти, најголем број од вработените се немедицински кадар со потполо несоодветно образование.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста