Очекуван пораз од Франција на стартот на ЕП 2024
Машката ракометната репрезентација на Македонија со пораз го почна настапот на Европското првенство 2024, откако синоќа, пред речиси 50.000 гледачи во Диселдорф, очекувано загуби од Франција со 39-29.
Избраниците на Кирил Лазаров му парираа на поранешниот европски, светски и олимписки шампион единствено во првите 15 минути, кога неколку пати беа во блага предност. Потоа французите со серија 6-1 направија резултатски пресврт за мирна пауза од 17-13.
До крајот „Триколорите“ не дозволија изненадување и заслужено запиша двоцифрен триумф во првото коло, предводени од Деска со седум гола и Нахи со шест. Кај нас Пешевски се истакна со седум, еден гол повеќе од Џонов.
Следен меч за Македонија е домаќинот Германија на 14 јануари, два дена подоцна играме и против Швајцарија.
Првите две селекции од групата продолжуваат во следната фаза.