НИКОЛОСКИ ЈА ПОВИКА ВЛАДАТА НА ИТНИ МЕРКИ ЗА СПАСУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски денеска со уште еден апел до власта за донесување на инти економски мерки, за да се спасат што повеќе работни места. Николоски наведува дека владата итно треба да ги покрие половина од торшоците за секој работник.

„Компаниите во Македонија од најмалите до најголемите, од мали трафики и козметички салони до големите странски инвестиции се соочуваат со проблеми во својата работа или воопшто не работат. Како резултат на тоа десетици илјади работници се дома, а фирмите се соочуваат со проблеми да им исплатат плата. Затоа со недели повикуваме, а денес повторно ќе побарам да се донесат итни економски мерки! Владата да покрие половина од вкупните трошоци за секој вработен. Вкупните трошоци вкучуваат и плата и придонеси за пензиско и здравствено осигурување како и персонален данок“ – пишува Николоски.

Николоски во статусот наведува дека потребно е замрзнување на побарувањата на државата по однос на сите давачки на фирмите, како и замрзнување на обврските за кредити. Тој пишува дека  помошта од 5 милиони евра е премала, а како пример ја наведува  Албанија која само во првиот бран додели помош од околу 370 милиони долари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста