Македонија ќе позајми 580 до 610 милиони евра за спас на економијата, односно за фирмите и работните места кои се загрозени како последица од епидемијата на коронавирусот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска. Околу 400 милиони евра ќе бидат побарани од комерцијалните банки преку таканаречен кредит за премостување до издавањето еврообврзница, а 87 милиони евра ќе бидат побарани од Меѓународниот монетарен фонд и околу 100 до 120 милиони евра од Светска банка.

Парите ќе помогнат да се обезбеди ликвидноста на буџетот, и фирмите и на граѓаните.

– Изминатиот период во министерството за финансии се работеше да се предвиди она што е непредвидливо, согласно намалената еконоска активност. Сценаријата од ден на ден се менуваа. Проблемот е глобален, но се решава локално. Владата го одбра здравјето, за разлика од некои држави. За многу од мерките треба законски измени. Сигурност на буџетот и да обезбедиме финансиска инјекција во стопанството, да го заштитиме секое едно работно место. И за едната и другата цел требаат средства од надвор. Согласно буџетот за 2020. беше планирано издавање на еврообврзница од 500 милиони евра. Со овие средства требаше да се отплатат дел од старите долови од над 700 милиони евра, од кои 400 се отплати во однос на странско задолжување, рече Ангеловска.

Ангеловска рече дека Владата ќе го обелодени новиот сет мерки за поддршка на стопанството и граѓаните. Што точно ќе содржи не кажа ниту денеска.

Очекува дека во вториот квартал годинава кризата ќе го доживее максимумот, поради намалените приходи во Буџетот. Таа исто така најави и кратења и прераспределба на средствата од Буџетот, но за сега рече дека не потребен Ребаланс.

Ангеловска рече дека секое министерство или институиција сама ќе одлучува за јавните набавки околу траспарентноста на постапката. Вели дека тоа ќе може да се следи на страницата на биорото за јавни набвки и секоја инститиција индивидуално ќе одчучува каде и на што ќе троши праи.

Ќе се одложи плаќањето на ратите за кредитите за грашаните и компаниите за најмалку три месеци. Народната банка ја смени регулативата, а се очекува Уредбата утре да помине на владина седница.

– Граѓаните и компаниите ќе добијат понуда или известување од банките за одложување на обврските, по што ќе треба да се изјаснат дали се сложуваат со поповолните услови или не. Доколку не се изјаснат за 10 дена ќе се смета дека не се за одложување на ратите за кредитите. По услојување на Уредбата, се надевам утре ќе го објасниме целиот процес. Наше е да ја креираме можноста без да одат граѓаните во банки да добијат одлаложување на обврските и тоа ќе биде направено, рече Ангеловска.

Таа појасни дека при разговорите со банките имало расположение и за одложување на плаќаеата и за шест месеци, но тоа ќе си го регулираат самите клиенти со банките.

За спас на македонската економија се огласи и заменик министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска. Рече дека со купување на македонски производи го поддржуваме домашното стопанство.

– Купувајте македонски производи. Со купувањето на македонски производи се насочуваме кон поддршка на домашното стопанство. Така спасувате и работни места, многу луѓе да си ја задржат својата егзистенција. Затоа што ја сакаме Македонија, купувајте македонски производи, порача таа.

Димитриевска Кочовска порачува дека како за здравјето, треба да се однесуваме одговорно и совесно и во економијата.

За да се надмине оваа ситуација, најважни се ликвидност на буџетот и заштита на стопнството.

Борис Грујоски