Апел на македонски научници: Набавка на лекови против Ковид19 пред да биде предоцна

Текстот е резултат на истражување направено за емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Анализата која повикува на итен интервентен увоз на лекови за борба против корона вирусот е резултат на анкета со македонски научни истражувачи кои имаат увид во глобалните трендови поврзани со битката против Ковид19 пред се во биохемијата и фармацијата.

Македонските научници кои се извор на информациите за текстот сметаат дека должност на секој граѓанин во својот домејн на стручност да помогне со сиот свој капацитет во најголемиот предизвик за Македонија и светот во модерното време.

Вовед

Во ноември 2015, во престижното научно списание NATURE MEDICINE објавено е научно истражување од група на научници од Универзитот од Северна Каролина, САД во соработка со научници од Институтот за вирологија од Вухан, НР Кина.

Ова научна статија укажува дека со појавата на тежок акутен респираторен синдром коронавирус (САРС-КоВ-1) и респираторниот синдром на Блискиот исток (МЕРС-КоВ) всушност се потврдувата и потенцира заканата од вкрстување и пренос на вируси помеѓу различни животински видови а што може да доведе до појава на истите и кај луѓето.

Токму поради тоа, тие го испитувале потенцијалот на вирус сличен на САРС-от, SHC014-CoV, што циркулира во крвта еден вид на кинески лилјаци, за предизвикување на болести. Овој вирус бил земен како основа за создавање на химер. Нормално следела карактеризација и било потврдено дека може ефикасно да се реплицира (размножува) во човекови белодробни клетки (ex vivo) до таа мера како и САРС-КоВ кој предизвикува тежок акутен респираторен синдром. In vivo експериментите на глувци покажеле сериозна патогеност на овој вирус, а познатата имуно терапија и профилактички модалитети за САРС скоро и да не покажале ефикасност. Авторите го потенцираат потенцијалниот ризик од појава на вакви вируси, што еве доби уште посериозни димензии кон крајот на 2019 година во Кина.

КОИ ЛЕКОВИ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД-19 ВИРУСОТ?
ДАЛИ ВЕЌЕ Е ОТПОЧНАТ ИНТЕРВЕНТЕН УВОЗ НА НЕКОЈ ОД ОВИЕ ЛЕКОВИ ?

Новиот САРС-2 коронавирус наречен и COVID-19 припаѓа на β генот. Поседува обвивка, а формата му е топчеста или овална со големина од 60 до 140 нанометри. Неговите генетски карактеристики се значително поразлични од оние на SARS-CoV-1 и MERS-CoV вирусите. Досегашните истражувања покажуваат дека поседува најголема, 85%, хомологија со SARS корановирусите од лилјак (лилјак-SL-CoVZC45). Кога е изолиран и култивиран во in vitro услови, за време од околу 96 часа COVID-19 вирусот може да биде потврден во експериментални човечки респораторни епителни клетки.

Инаку, вирусот е чувствителен на ултравиолетово зрачење и на топлина. Може да се издржи дури 30 мин на температура до 56°C, а се уништува со липидни растворувачи како етер, 75% етанол, средства за дезинфекција што содржат хлор, пероцетна киселина и хлороформ.

Со појавување на секој нов вирус, компаниите кои развиваат дијагностика, лекови и вакцини, веднаш се обидуваат да откријат заштита што ќе бидат целисходна и ефикасна за негово идентификување и потврдување (1. тестови), третман (2. лек) или во најдобар случај, предходна заштита (3. Вакцина).

Пред извесно кратко време, е отпочната Фаза I за развиток на вакцина (заснована на mRNA) кој го води компанијата Moderna. Паралелно, и други големи фармацевтски куќи и мали биотехнолошки компании работат на добивање на вакцини. Сепак, и да се покажат првични задоволителни резултати, досега човештвото не нашло пристап кој би обезбедил успешен развиток за период побрз од 18 месеци. Имајќи ги предвид брзите гигантски размери на пандемијата, особено во однос на бројот на заразени и починати лица, тоа е исклучително долг период што не смее да остане непополнет без притоа да имаме третман преку некои лекови. Дури, неколку лидери посочија дека оваа пандемија е најголем предизвик за човештвото после Втората светска војна.

Во таков очигледен недостиг на вакцина во брзо време, медицината мора да се потпре на оние лекови што досега се покажале како успешни при третман на претходните вируси како САРС-1, МЕРС и Ебола. Од друга страна, веќе поминаа 4 месеци од првиот регистриран заболен пациент со новиот COVID-19 вирус, така што веќе има определен број на студии и научни публикации базирани на докази каде се споменуваат неколку најсоодветни препарати што би можеле да се користат, а се дадени во продолжение.

Искуствата од Кина посочуваат дека сите заболени од COVID-19 можат да бидат поделени во 3 групи, според симптомите и развојот на севкупната состојба кај пациентот кој може да развие акутна респираторно инфективно заболување од лесна-блага, средна-умерена и тешка форма.

Врз основа на досегашните епидемиолошки истражувања, инкубациониот период изнесува од 1 до 14 дена, а најчесто помеѓу 3 и 7 дена. Третманот на оваа заболување е комплексен и опфаќа многу сегменти вклучително и антивирална терапија. Во Кина, при клиничка манифестација на болеста најчесто биле користени препаратите:

Alpha-interferon; Lopinavir/Ritonavir; Ribavirin – во комбинација со интерферон или Lopinavir/Ritonavir или Chloroquine phosphate; Arbidol и сите овие се со строга напомена да се внимава на несакани ефекти и се даваат во тек на 7, а не повеќе од 10 дена.

Најдобри резултати биле добиени со препаратите ХЛОРОХИН и РЕМДЕСИВИР, адмистрирани веднаш по започнување на симптомите.

Во моментов се чини дека најдобри резултати дава лекот РЕМДЕСИВИР на компанијата Гилеад кој е антивиротик и кој се администрира интравенозно. Лекот е откриен за време на епидемијата на Ебола во 2014 година, а со овој лек е направен и главниот прогрес при излекувањето на првиот регистриран и заболен пациент во Америка во март 2020. Освен тоа, REMDESIVIR веќе е тестиран против COVID-19 во дури четири клинички студии (две во Кина и две во САД) и се наоѓа во поодмината фаза на клинички студии. Фирмата Гилеад очекува првите детални резултати од овие студии да се објават во април годинава.

Паралелно со ова, претседателот Трамп минатата недела изјави дека САД ќе го користат стариот антималариски лек ХЛОРОХИН или ХИДРОКСИХЛОРОХИН за третман на COVID-19. Овој лек, како што беше наречено, ќе биде пресвртник во пандемијата и ќе се пропишува со рецепт во САД, но досега е тестиран само кај мајмуни. Според укажување на неговите советници,посебно место во третманот против COVID-19 имаат и споментатиот РЕМДЕСИВИР како и лекот КЕВЗАР на компанијата Регенерон.

Според релеватни научни сознанија публикувани од кинеската научна заедница, огромен дел од случаите заразени со COVID-19 во Кина биле третирани со лекот АВИГАН кој е развиен од Toyama Chemical која припаѓа на јапонскиот холдинг Fujifilm.

Активната фармацевтска супстанца во овој лек е т.н. ФАВИПИРАВИР, мала молекула за која во научната периодика има понудено неколку можности за синтеза од различни прекурсори. За овој лек, директорот на кинескиот Национален центар за биотехнолошки развој, изјавува дека станува збор за “многу безбеден и очигледно ефективен лек”. Клиничките испитувања за овој лек биле спроведени на 200 пациенти во најпогодените градови Вухан и Шенжен и покажале одлични резултати – симптоматологијата на пневмонијата била значително намалена, а тестовите биле негативни во просек за 4 дена. За потенцирање е дека само 8.2% од пацинетите третирани со овој лек имале потреба од респираторна помош, додека 17.2% пациенти кои биле третирани со други лекови биле ставени на респиратори.

За разлика од позитивниот прием во Кина, јапонските власти укажуваат дека ФАВИПИРАВИР може да се користи само за нови сериозни инфлуенци стравувајќи од сериозни неасакни дејства и фатални исходи. Исто така, и Јужна Кореја одбила да го користи овој лек заради тоа што немало доволно клинички докази со кои би се осигурала ефикасноста на лекот. Сепак, кинеска компанија Zhejiang Hisun Pharmaceutical добила дозвола од јапонскиот оригинатор и во февруари 2020 отпочнала да ја прозведува генеричката верзија.

Во отсуство на вакцина, и во склоп на досегашните научни и клинички резултати, изборот на антивирална медикација за COBID-19 треба да се бара во препаратите: РЕМДЕСИВИР, ФАВИПИРАВИР како и ХЛОРОХИН или ХИДРОКСИХЛОРОХИН кој има помалку несакани дејства од ХЛОРОХИН.

Освен овие, постојат и некои други лекови кои сеуште не се доволно проучени за третман на новиот вирус, а тука се вбројуваат: балоксавир марбоксил, барицитиниб, дарунавир, галидесивир, лопинавир, нитазоксанид, пенцикловир, пимодивир, рибавирин, ритонавир и умифеновир.

Очигледно е дека е НЕОПХОДНО да се направи интервентен увоз на некој од овие лекови или да се побара помош од земјите кои успешно се справија со овој предизвик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста