Недостаток на кадар во електроиндустријата и угостителството

Алармантни податоци на Организацијата на работодавачи,истражувањата кои што ги правеле покажале генерален недостаток на работна сила безмалку во сите гранки од индустријата и стопнаството.Најзагрижувачка е ситуацијата во угостителство и во електроиндустријата која своевремено важеше за една од поразвиените индустриски гранки во Македонија.
-Во делот на угостителството одливот на кадар можеби е резултат на ковид пандемијата,но недостатокот на работна сила во електроиндустријата е многу долгорочен и треба сериознода се разгледува,велат од Организацијата на работодавачи.
На пазарот на трудот има голем број на работоспособно население кое не ги задоволува потребите на пазарот.Она што е потребно, е да се направат дирекни реформи кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем ,односно потребно е работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број на практични часови-рече Владанка Трајкоска Претсед.на Организација на работодавачи.
Дека е потребно преструктуирање на образовниот систем ценат и туризмолозите.Проблемот со недостаток на кадар во високото образование не е само во угостителството, туку и во многу други дејности,а потекнува уште во средното образование.Многу малку ученици се запишуваат во средните угостителски училишта.
10 % од вкупно запишани средношколци се запишани на струките кои што се потребни за ова стопанство,замислете тоа е поразителен податок,бидејќи навистина во овој момент можеме да кажеме дека сме загрозени и дека дејноста ни е во опасност од страна на таа работна сила која што е клучна за оваа дејност, бидејќи факторот човек е неприкосновен за угостителство и туризам-вели Тоше Чочороски-хотелиер.
Треба да се најде начин како да се насочат учениците кон средните угостителски училиштабидејќи истите се потенцијални студенти на факултетите за туризам, тоа е нашата работна снага-додаваат туристичките експерти.
Проблемот е актуелен една деценија,но последниве години ситацијата е крајни загрижувачка, кувари, слаткари, келнери, шанкери-нема ни за лек, се жалат хотелиерите.
Росица Голабоска