Науката и праксата контрa идејата за онлајн рочишта

Ќе бидат ли судниците заменети  со онлајн рочишта? Претседателот на судскиот совет Киро Здравев најави дека се размислува и судењата да бидат онлајн. Ваквиот став го потврди и министерот за правда Маричиќ, смета дека поради новата состојба со коронавирусот, и судството може и треба да функционира онлајн.

За време на вонредната состојба, во судството имаше примери кои потврдија дека може да се функционира и онлајн, што е добар показател дека доколку има таква потреба, во иднина ова може повторно да се воведе во пракса, вели Бојан Маричиќ – министер за правда.

Но дали ваквите предлози кои доаѓаат од страна на властите се уставни? Професорот по уставно право Саво Климовски за Алфа вели, ниту е уставно, ниту пак законски. Го споредува работењето на судот со работата на Парламентот онлајн, вели ни едното ни другото не треба да работат преку видео врски оти е надвор од рамките на законите.

Не е пропишано рочиштата да бидат онлајн, тоа не го дозволува Уставот, ниту пак законот за кривична постапка. За поголема заштита од вирусот можеби би требало да се размислува за паравани во судниците, а на видео врски. Додека пак за дали во судниците ќе има публика за тоа треба да одлучува судот, рече Саво Климовски – професор по Уставно право.

Дел од адвокатите пак велат покрај тоа што не е законски, не е ниту практично.

Може размислувањето министерството за правда е дека тоа е практично , но тоа далеку од практично, тоа е предлог само заради предлог…. вели Звонимир Давидовиќ – адвокат.

Давидовиќ вели иако веќе сме имале во пракса онлајн рочиште, според него тоа не е начин за работа, оти се губи непосредноста на странките, обвинителите, адвокатите.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста