Наштелуван попис?! – ДУИ лицитира со проценти

Дали пописот  од статистичка операција се претвора во политичка? Ова прашање особено се наметнува по изјавата на пратеникот Адеми кој рече дека нема да ги признаел резултатите од пописот доколку Албанците се под 20%, која ги подгреа сомнежите за штелување на бројките. 
 
По ваквата изјава која ја разбранува јавноста , Адеми во изјава за Плус Инфо вели дека
дека неговиот одговор бил даден на провокативно прашање од Алијансата за Албанците . На тоа тој одговорил дека никогаш нема да прифати таков резултат од пописот. Тој потенцира дека тоа не е став на ДУИ. Проценките на Адеми се дека според бројот на запишани ученици, Албанците би требало да бидат над 30 отсто.

Заев го смирува Адеми, вели резултатите од пописот немало да влијаат врз стекнатите права.


Секако пописот без разлика со кои проценти ќе излезе на крајот тоа е статистичка и реална постапка, нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права, во делот на Уставот, во делот на законите, заради тоа што тоа се стекнати праватоа се стекнати права и можни се варијабли, во глобално село на миграции, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија-рече Заев.


Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ   со ова се потврдува фактот дека се прави политички пазар со најголемата статистичка операција. Бараат  законот за попис  да биде повлечен.

Заев вели  дека СДСМ, ДУИ и сите нивни коалциони партнери стојат цврсто на ставот за одржување на пописот пролетва.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста