Србија се нуди да ни помогне да го регистрираме „Фајзер“, да ни ги имунизира докторите,а што прави нашата Влада?

Зошто власта чекаше некој да ни даде вакцини па да почне процес на регистрација? За вакцините за кои што интензивно се зборува два месеци наназад, на надлежните  дури сега им текна, дека меѓу другото е потребна и нивна регистрација во Македонија.

Наместо, се да оди по теркот на другите европски земји со регистрација на вакцините – Македонија 8-те илјади вакцини од Фајзер што ни ги отстапува Србија ќе ги добие преку интервентен увоз.

Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на Фајзер и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот Фајзер, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација.” – вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.

По ваквата изјава на министерот се наметнува прашањето дали тој денеска дозна, дека “Фајзер” нема своја канцеларија во Скопје?

Помош за регистрацијата на вакцините ни понуди и Србија, српската премиерка Брбаниќ истакна дека не е поентата вакцината само да се купи, треба соодветна испорака и пред се нејзина регистрација.

“Помагаме вакцините „Фајзер“ да се регистираат во Македонија, работиме со нив. Може да биде проблем што тие добија вакцини на „Фајзер“, но не се регистирани. Не е поентата само да се купи вакцината. Има многу други работи кои пред тоа треба да се направат. Треба да се регистрира од страна на релевантна агенција.” – вели премиерката Ана Брнабиќ.

Освен за регистрација на анти ковид-вакцината,Србија се сожали па се понуди и да ни ги имунизира  лекарите од ковид центрите.

Од МАЛМЕД предупредија дека ако лесно поминеме со ветените вакцини од Србија, понатамошна пречка ќе биде директната набавка од производителите бидејќи во Собранието се уште не се усвоени измените на Законот за лекови.

За да не губиме време додека доаѓаат вакцините многу е битна пропратната документација.Тоа се сертификатите за квалитет, ладниот ланец и ред други моменти кои се многу битни.Сакаме на крај од денот кога ќе ја одобриме вакцината да сме сите сигурни дека одобруваме сигурна вакцина.” – изјави Лирим Шабани, директорот на Малмед.

Според најавите на здравствените власти истата постапка односно, со интервентен увоз ќе бидат донесени и  првите количини  од 5850 дози договорена директно со Фајзер, а кои треба да стигнат следниот месец.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста