Опозицијата бара оставка од Шекеринска заради некредибилни НАТО сертификати, МО возвраќа сертификатите беа дадени во ваше време

Министерството за одбрана издава некредибилни НАТО безбедносни сертификати кои алијансата не ги одобрува, а ветингот се користи за пресметка со неистомислениците,обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата доказ за тоа е случајот со двајцата кандидати за македонски претставници во северноатлантската алијанса кои не добија потврда од Брисел. Опозиционерите бараат оставка од министерката Шекеринска. Сметаат дека ја поситоветува нејзината партија со министерството за одбрана.

“Очигледно е дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста. Госпоѓо Шекеринска, нашите укажувања се добронамерни. И самите сте свесни дека со вашиот однос кон овие прашања уште еднаш потврдувате дека сте го промашиле ресорот кој Ви е доделен да го водите. Ја изигравте правната држава и за тоа добивте потврда и од алијансата. За ваше добро и добро на татковината Македонија, одважете се и понесете одговорност”, рече Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Од министерството за одбрана ги отфрлаат обвинувањата за ветинг со партиско влијание. Велат дека тоа го прави тим обучен од НАТО експерти и дека вете лица оспорени од алијансата добиле сертификат во време на претходното раководство во министерството.

Двете лица кои Ковачки ги споменува ги добиле НАТО и националните безбедносни сертификати во времето на претходната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ. Токму во сертификатот на едно од лицата фигурира и потписот на Ковачки”, рече Горан Василевски началник за безбедност и воено разузнавање во АРМ

Македонија десет месеци откако стана членка на НАТО е без воен претставник во оваа организација. Неодамна Алијансата не ја одобри номинацијата на полковникот Зоран Секуловски. Дополнителната проверка за НАТО безбедносен сертификат го прави Канцеларијата за безбедност на северноатлантската алијанса. Сите земји членки на мора да потврдат дека одреден функционер немал контакти со држави и поединци кои го сметаат НАТО за свој противник и дека не бил инволвиран во висока корупција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста