МВР и обвинителството молчат за запленетите 700 кг кокаин во Шпанија

Во најстрога тајност се води акцијата во врска со откривање на мрежа за меѓународна трговија со дрога за што синоќа во куќен притвор заврши познатата македонска актерка Силвија Стојановска. За разлика од актерката за истиот случај во Шутка беше испратен нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ кој во 2010 година беше осуден заедно со скопјанката мадам Пепи –која кривично одговараше за шверц на кокаин и брендирана облека.

Од официјалните информации на институциите единствено од кривичниот суд за Алфа потврдија дека мерките за Стојановска и Будисављевиќ биле побарани од обвинителството за организиран криминал и корупција, а судија на претходна постапка ги одредил мерките по три основи: влијание врз сведоци,повторување на делото и обид за бегство .

Една од причините што истражните органи во Македонија не даваат никакви информации за апсењето и мерките за актерката и нејзиниот партнер може да значи дека целиот случај го водат европски и други странски полиции а во меѓународната криминална мрежа неофицијално вмешани се повеќе земји меѓу кои и Македонија.

Во моментов ниту обвинителството ниту полицијата не го откриваат дури и кривичното дело за кое се осомничени Стојановска и Будисављевиќ.
Колку земји се инволвирани и кој се е инволвиран со случајот од полиција и обвинителството немаат конкретен одговор.
И од двете институции велат дека набрзо ќе се дознае односно ќе бидат презентирани сите информации.
Македонија не е популарна земја за транспорт на големи количини кокаин кои главно преку морски пат завршуваат на европски пазар. Последната голема акција за која пишуваа шпанските медиуми беше кога беа откирени 700 кила на оваа скапа дрога.

Медиумите веќе објавија дека Стојановска и браќата Будисаљевиќ се само алка во мегаломанскиот обид во Шпанија да се внесат три тони колумбиски кокаин кои пред три недели заврши во рацете на полицијата. Сокриен патувал во подморница долга 22 метри. Требал да заврши на улиците во Велика Британија, а шверцерите планирале да заработат 100 милиони долари.

Во јавноста веќе се шпекулира дека актерката била задолжена за логистика: набавки на билети, резервации на хотели, додека клучниот играч во македонската тројка бил Братот на Восилав Будисављевиќ кој живее во Мадрид.

Сличен ваков случај со заплена на кокаин имаше и во 2007 година, на граничниот преми Блаце кога беше откриена голема количина кокаин во канти за поликолор во камион превезуван од Алија Азировиќ. Тој и Чочоровска беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин. Чочоровска доби 14 години затвор, а во 2017 беше пуштена на слобода заради лекување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста